Top Sport

Анчелоти го избра својот најдобар тим

Карло Анчелоти еден од најпознатите и најдобрите светски стручњаци составил свои „Ол Стар“. Актуелниот тренер на Наполи, имал тежок избор да ги изберен најдобрите 11 од многуте фудбалери со кои работел во кариерата.

Анчелоти како тренер освојува шампионски титули во Италија, Франција, Англија, Германија, а бил европски шампион со Милан и Реал Мадрид.

Во неговиот најдобар тим најмногу играчи има од Милан, што и не треба да биде чудно бидејќи за осум сезони со „росо-нерите“ освоил два пати ја освоил титулата во Италија и во Лигата на шампионите.

Идеалниот тим на Анчелоти: Гиџи Буфон (Парма/Јувентус), Кафу (Милан), Алесандро Неста (Милан), Серхио Рамос (Реал), Паоло Малдини (Милан), Андреа Пирло (Милан), Џенаро Гатузо (Милан), Кларенс Сидорф (Милан), Кака (Милан), Андриј Шевченко (Милан), Кристијано Роналдо (Реал).

Scroll to Top