Top Sport

Каталонија останува со трка – во 2020 дури 22 Ф1 трки на календарот!

Шпанското ГП во Барселона ќе остане на календарот на Формула 1 и во 2020 година, објави „Либерти медија“, што значи дека сезоната ќе има рекордни 22 трки. Шпанското ГП останува на патеката Каталуња во близината на Барселона и тоа по јубилеен 30-ти пат.

„Одлуката да се продолжи да се има трка во Шпанија е дел од нашата стратегија да се заддржат европските корени на нашиот спорт и во исто време да бараме нови предизвици“, вели директорот на Ф1, Чејс Кери.

Оддржувањето на трката во Каталонија носи 163 милиони евра бенефит на регионот, а оваа година имало 160.248 фанови во текот на тркачкиот викенд.

„Ф1 е важен дел од нашата економија и ни дава шанса да покажеме какви се Каталонците“, вели Квим Тора, претседателот на владата на Каталонија.

Scroll to Top