Top Sport

Нејмар во составот на ПСЖ за големото дерби со Марсеј

Томас Тухел може да е задоволен, откако Пари Сен-Жермен потврдија дека Нејмар, Анхел ди Марија, Кејлор Навас и Леандро Паредес го надминаа корона вирусот и ќе бидат достапни за вечерашното дерби против Марсеј.

Нејмар беше позитивен на почетокот на месецот заедно со неколку негови соиграчи откако беа на забави на шпанскиот остров Ибица, но сега Тухел потврди дека тие ќе бидат достапни за мечот со Марсеј. Од друга страна, Килијан Мбапе, кој беше позитивен на КОВИД-19 за време на настапите со француската репрезентација, нема да биде во состсавот.

Марсеј го нема победено Пари Сен-Жермен ниту еднаш во последните 20 меѓусебни меча.

Scroll to Top