Top Sport

Казна за Фетел, ќе стартува шести во Австрија

Возачот на Ферари, Себастијан Фетел, го освои третото место во квалификациите за трката на Голема награда на Австрија, меѓутоа поради казната тој ќе стартува како шести. Германецот го попречувал Карлос Саинц јуниор во неговиот брз круг.

Инцидентот се случил во вториот дел од квалификациската сесија. Фетел потоа изјавил дека воопшто не го забележал Шпанецот и дека не добил информација од тимот дека зад него има друго возило.

Фетел во тој момент се движел премногу бавно по тркачкиот дел од патеката. Дирекцијата на трката го прифати неговото објаснување, но сепак реши да го казни.

Трката во Австрија се вози утре, а првите две позиции ги имаат возачите на Мерцедес, Валтери Ботас и Луис Хамилтон. Поради казната пред Фетел ќе стартуваат и Кими Раиконен, Макс Ферстапен и Роман Грожан.

Scroll to Top