Холандскиот натпреварувач на Дакар релито во квад категоријата, Кес Колен влезе во остар напад на лидерот на трката во пласман на автомобили, Карлос Саинс најавувајќи дека ќе го тужи за обид за убиство.
Колен имаше судир со багито на Саинс во текот на етапата од Ла Паз до Ујуни, за што шпанскиот ветеран доби казна од 10 минути од организаторите. Шпанската рели легенда тврди дека за малку го „утнал“ Колен кој бил надвор од контрола, но Колен вели дека казната не е доволна и холандскиот бизнисмен најавува тужби.
„Сите знаат дека сум бизнисмен и дека имам пристап до добри адвокати, можеби најдобрите на светот, така што ако тој не добие сериозна казна тогаш ќе поднесам кривична пријава. Бев на 20 сантиметри од смрт. Возев со 20 км/ч, а тој возеше 120, 150, можеби 180. Неверојатно. Бев во калта и на крајот имав многу среќа што го удри само квадот. Тој вели дека не ме удрил. Да умрев во инцидентот тогаш ќе им беше полесно на Пежо и Карлос бидејќи немаше да можам да зборувам“, вели Колен.
Саинс тврди дека имал „блиска средба“ со Колен, но вели дека не постоел контакт.
„Ова не е фер, бидејќи немаше инцидент, воопшто не го допрев. Ми се гади од одлуката, но не можам да направам ништо. Зошто 10 минути? Зошто не една, зошто не еден час? Не знам што да кажам. Мислам дека јас спречив инцидент, бидејќи имаше толку простор, а тој реши да проаѓа пред мене. Ќе беше многу тажно да го удрев. Зошто не застанав? Бидејќи мислев дека немаше никаков проблем.