Top Sport

Полицијата утврди: Нема криминал во трансферот на Баркли

Полицијата на Мерсисајд не најде докази за криминал во трансферот на Рос Баркли од Евертон во Арсенал откако тоа го побара градоначалникот на Ливерпул, Џо Андерсон.

Андерсон официјално побара полицијата, Фудбалската асоцијација (ФА) и Премиер лигата да направат истрага откако Баркли за 15 милиони фунти се пресели во Челси, бидејќи тимот од Лондон претходно беше заинтересиран во текот на летото, пред агентот на Баркли да го откаже договорот во последен момент, со што ги чинеше Евертон 20 милиони фунти.

Серена Кенеди, заменикот комесар на полицијата на Мерсисајд пратила писмо до ФА и до Премиер лигата да ги информира дека во нивната истрага не се најдени докази за криминал, препуштајќи им ја истрагата.

Баркли потпиша за Челси, градоначалникот на Ливерпул бара истрага!

Scroll to Top