Top Sport

Кими и Луис се толку слични, но и толку многу различни…

Кими Раиконен и Луис Хамилтон се многу слични луѓе – двајцата го сакаат тркањето, двајцата заработиле милиони од Формула 1 и двајцата ретко кога попуштаат во жарот на борбата за позиција, што се покажа и на неодмнешната трка во Силверстон, кога имаа контакт и бурна расправија околу вината по трката.

Меѓутоа, тие се и толку многу различни луѓе. Луис Хамилтон секогаш сака да биде дел од џет-сетот, неодамна гостуваше на албумот на Кристина Агилера, патува наоколу со приватен авион и планира кариера во музиката по Ф1. Кими Раиконен е штедлив на зборови, не сака да биде во центарот на вниманието, љубител е на алкохолот (во умерени колични), и е семеен човек.

Затоа не се чудни различните Инстаграм приказни на двајцата во неделата пауза во Ф1 – Хамилтон е на промоција на Томи Хилфигер, додека Кими со свои зборови интервенира во својата градина за „мачките да не какаат во песокот“.

Scroll to Top