Возачот на Ферари, Кими Раиконен постави најдобро време на вториот слободен тренинг за Сингапур ГП трката, додека лошата среќа на Себастијан Фетел продолжи откако тој се удри во ѕид!
Раиконен, кој заминува во тимот на Заубер на крајот на сезоната, имаше круг од 1:38.699, речиси една секунда побрзо од времето за пол-позиција минатата сезона, додека втор беше лидерот во генерален пласман и актуелен шампион Луис Хамилтон на „хипер-меки“ гуми на спектакуларната улична патека Марина Беј.
Мерцедес, на кои Сингапур не им е најомилената патека, не ги користеа „хипер-меките“ гуми во првата сесија и Хамилтон беше само шести. Овојпат тој беше побрз од двојката на Ред бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикардо.
Фетел ја заврши сесијата само како деветти најбрз откако удри во ѕид, оштетувајќи го задниот дел на болидот на 40 минути пред крајот на сесијата, комплетирајќи само 11 кругови. Валтери Ботас беше петти во вториот Мерцедес, Карлос Саинс Јуниор заврши на шестото место за Рено.
Патеката Марина Беј има 23 кривини, најмногу на сегашниот Ф1 календар и е вистински тест за возачите и болидите, со температури над 30 степени на ноќната трка.
It seemed like the slightest of glances
But this scrape ended Sebastian Vettel’s FP2 early at Marina Bay ?#SingaporeGP ?? #F1 pic.twitter.com/DYeDl77aKy
— Formula 1 (@F1) September 14, 2018
Steady guys… it’s not race day yet! ?#SingaporeGP ?? #F1 pic.twitter.com/MCqsaw7rz3
— Formula 1 (@F1) September 14, 2018
FP2 CLASSIFICATION (90/90 MINS)
Kimi Raikkonen heads the charge in FP2, with Hamilton close behind#SingaporeGP ?? #F1 pic.twitter.com/SrCtAiJTwx
— Formula 1 (@F1) September 14, 2018