Top Sport

Сари: Челси не се фаворити за титулата

И покрај тоа што имаат четири победи во првите четири меча од Премиер лигата, Маурицио Сари вели дека неговите Челси уште не се конкуренти за титулата.

Италијанскиот стратег пристигна на „Стемфорд бриџ“ во јули, и имаше совршен почеток на сезоната, и заедно со Ливерпул и Ватфорд се на првото место на табелата, додека шампионите Манчестер сити се два поени зад нив по ремито со Вулверхемптон. Но, ова не значи дека титулата е на дофат, вели Сари, кој верува дека Ливерпул и Сити се фаворити.

„Во моментов, можам да видам дека само Сити или Ливерпул се шампиони. Потребен ни е уште еден чекор да бидеме на исто ниво. Прерано е да се зборува. Тешко е да добиеш 30 поени повеќе во една сезона, многу тешко. Уште не сме солиден тим во дефанзивата и тука мораме да работиме“, вели Сари.

Фото: ЕПА

Scroll to Top