Кими Раиконен неодамна го прослави својот 41. роденден и стана рекордер по бројот на трки во Формула 1, а на сите критичари кои сметаат дека „Ајсмен“ одамна треба да е во пензија треба да им се покаже видеото на неговиот старт на Португалското ГП во Портимао во неделата.
Од 16. место на стартот со слабиот болид на Алфа Ромео, Кими успеа да стигне до шестата позиција во фуриозен старт, но на крајот заврши на 11. место и му избега поен. Запрашан за неговиот фантастичен старт тој одговори во свој стил.
„Не мислам дека стартот беше толку добар, бидејќи прво загубив место. Но, потоа искрено во еден момент си помислив: ‘Што прават другиве?’“, вели Финецот.
From P16 to P6 ?
An amazing start for Kimi Raikkonen at Portimao ?#PortugueseGP ?? #F1 pic.twitter.com/cRneQ4dw2O
— Formula 1 (@F1) October 25, 2020