Top Sport

Кими Раиконен не ги чита договорите кои ги потпишува

Кими Раиконен на крајот на 2018 година се пресели од Ферари во Алфа Ромео, каде што се смени со местата со Шарл Леклер, и според менаџерот на Алфа Ромео, Беат Цендер го направил тоа без да го прочита договорот кој го потпишувал.

Раиконен дебитираше во Ф1 со Заубер, тимот кој сега е познат како Алфа Ромео, така што ги познава ветераните во тимот, и Цендер објаснува како се договориле во заеднички лет по Британското ГП во Силверстоун во 2017 година.

„Му кажав: ’Види, ако не сакаш да возиш за Ферари, контактирај ме, ќе најдеме начин да те вратиме во Заубер’. Секогаш му го кажував тоа. Потоа по Италијанското ГП во 2018 година, тој ги информираше Ферари за одлуката и договорот беше подготвен за два часа. Кими, секако, никогаш не ги чита договорите“, вели Цендер.

Scroll to Top