До стартот на новата сезона во Ф1 има уште повеќе од три месеци, но сигурно едно нешто ќе ни недостига – партнерството на Себастијан Фетел и Кими Раиконен во Ферари.
Двајцата поранешни шампиони секогаш признаваа дека е добро да се работи заедно, поради недостастокот на политички и заднински игри, и никогаш не ја криеја почитта. Следната сезона, ветеранот Раиконен ќе се врати во тимот каде што ја почна кариерата, Заубер, додека Фетел ќе има нов партнер во младиот Шарл Леклер во Ферари.
Раиконен, кој не за џабе го има добиено прекарот „Ајсмен“ поради своето неизразување на емоциите реши да се прости со колегата преку Инстаграм.
„Беше задоволство да се работи со тебе“, напиша Финецот.