Top Sport

Кин: Фудбалерите се слабаци, го фрлија Мурињо под автобус!

Поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин ги критикуваше фудбалерите на клубот за нивната улога во отпуштањето на Жозе Мурињо, велејќи дека тие се „извлекле со убиство“.

Мурињо имаше неколку големи конфликти во клубот со Пол Погба, Антони Марсијал и други фудбалери, но Кин смета дека тие дозволиле да ја намалат својата вина за слабите резултати префрлајќи ја целосно одговорноста кај тренерот.

„Фудбалерите се извлекоа со убиство. Се кријат зад менаџерот и го фрлија под автобус. Нормално дека ќе се судриш со такви фудбалери. Тие кои се појавуваат на тренинзи со вишок килограми, кои не тренираат како што треба и кои не го покажуваат потребното на теренот. Треба да им е срам. Јас никогаш не бев најголем навивач на Жозе, но не можам да толерирам фудбалери кои се кријат зад своите агенти, зад пријателите во медиумите. Вистинска смешка“, вели 47-годишниот Ирец.

Тој признава дека е „стара школа“ околу фудбалот, додавајќи дека модерните фудбалери се премногу „чувствителни“.

„Кога ќе излезеш на теренот, што и да се случувало претходно, посебно во голем клуб како Јунајтед, го забораваш и го даваш максимумот. Самата помисла дека овие фудбалери се вознемирени. Не само во Јунајтед, туку во модерниот фудбал. Не се само слаби фудбалери, туку и слаби личности. Не смееш да им кажеш ништо. Се кријат зад социјалните мрежи, автомобилите и своите девојки“, објаснува Кин.

Scroll to Top