Top Sport

Клаузулата повеќе не важи, Ферстепен ќе остане во Ред Бул

Долго време главна тема во падокот на Формула 1 е потенцијалното заминување на актуелниот шампион Макс Ферстапен од Ред Бул на крајот од годината. Се шпекулираше дека Ферстепен ќе вози во Мерцедес следната сезона. Сепак, се чини дека ова нема да се случи барем уште една година.

Иако неодамнешното отпуштање на шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, дополнително ги разгоре гласините за заминување на Ферстапен од тимот, како и потврдата од шефот на Мерцедес, Тото Волф, дека преговорите се во тек, австрискиот „ОРФ“, објави дека клаузулата во договорот на Холанѓанецот повеќе не е во сила.

Сегашниот договор со Ред Бул важи до крајот на 2028 година, а споменатата клаузула му даваше можност на возачот да го напушти тимот тимот доколу на половина од сезоната, пред тркачкиот викенд во Белгија, се наоѓа под третото место во генералниот пласман.

Сепак, 27-годишникот моментално ја зазема третата позиција зад дуото на Мекларен.

Од друга страна, во разговор со австриските медиуми, Волф потврди дека ги сака Џорџ Расел и Андреа Кими Антонели во тимот, но не ја исклучи можноста да ги доведе Ферстапен во иднина.

„Начинот на кој одиме е дека дефинитивно сакаме да продолжиме со Џорџ и Кими. Тоа е апсолутен приоритет. Но, не можете да игнорирате некој како Макс и неговите планови за иднината. Разгледавме, но не мислам дека ќе има некои поголеми изненадувања“, рече Волф.

Останува да се види кога и за кој период Расел и Антонели ќе ги продолжат своите договори. И двајцата возачи се долгорочни проекти на Мерцедес, при што младиот Италијанец ја вози својата прва сезона во Формула 1.

Првенството во Формула 1 продолжува овој викенд, кога на програмата е Големата награда на Белгија на легендарната патека „Спа-Франкоршамп“.

Foto/ X

Scroll to Top