Формула 1, како и речиси сите спортови стана врвен бизнис во кој се вртата големи пари. Возачите кои се дел од Формула 1, особено оние најдобрите што возат во најпопуларните тимови имаа најгоеми плати.
Финансиски најголем договор има Себастијан Фетел со ферари, зад него е актуелниот светск првак Луис Хамилтон, а блиску до врвот е и Фернандо Алонсо од Мекларен.
Фетел има годишна плата од 60 милиони долари, десет милиони помалку Мерцедес го плаќа Хамилтон, трет е Кими Раиконен за чии договор Ферари издвојува 40 милиони евра, а Алонсо од Мекларен добива 30 милиони долари.
Најмалку платени се Брендон Хартли од Торо Росо (350.000 долари) и Шарл леклерк од Заубер (150.000 долари).
Платите на возачите во Формула 1:
1. Себастијан Фетел (Ферари) – 60 милиони долари
2. Луис Хамилтон (Мерцедес) 50 милиони долари
3. Кими Раиконен (Ферари) – 40 милиони долари
4. Фернандо Алонсо (Мекларен) – 30 милиони долари
5. Валтери Ботас (Мерцедес) – 12 милиони долари
6. Макс Ферстапен (Ред Бул) – 10 милиони долари
7. Стофел Вандорн (Мекларен ) – 7 милиони долари
8. Даниел Рикардо (Ред Бул) – 6 милиони долари
9. Нико Хулкенберг (Рено ) – 5,5 милиони долари
10. Серхио Перез (Форс Индија) – 5 милиони долари
11. Роман Грожан (Хас) – 4,45 милиони долари
12. Себастијан Окон (Форс Индија) – 3 милиони долари
13. Кевин Магнусен (Хас) – 2,8 милиони долари
14. Ленс Строл (Вилијамс) – 1,8 милиони долари
15. Сергеј Сироткин (Вилијамс) – 1 милион долари
16. Карлос Саинц јуниор (Рено) – 750.000 долари
17. Маркус Ериксон (Заубер) – 500.000 долари
18. Пјер Гисли (Торо Росо) – 400.000 долари
19. Брендон Хартли (Торо Росо) – 350.000 долари
20. Шарл Леклерк (Заубер) – 150.000 долари