Top Sport

Конечно, добри вести за Ферари! Фетел на канадската пол-позиција

Себастијан Фетел ги врати насмевките на лицата во гаражата на Ферари, откако успеа да го победи Луис Хамилтон за пол-позицијата на Канадското ГП во Монтреал, патека каде што според сите показатели Ферари треба да ја има предноста.

Во вториот ред ќе стартуваат вториот возач на Ферари, Шарл Леклер и асот на Рено, Даниел Рикардо, по што следуваат Пјер Гасли (Ред бул), Валтери Ботас (Мерцедес), Нико Хилкенберг (Рено), Лендо Норис (Мекларен), Карлос Саинс Јуниор (Мекларен) и Кевин Магнусен (Хас). Вториот возач на Ред бул, Макс Ферстапен изненадувачки испадна во втората квалификациска сесија и ќе стартува од 11. место.

„Луис е проклето брз на квалификациите и беше тешко да го победам. Навистина уживав во сесијата и пресреќен сум за тимот, бидејќи последните недели беа многу тешки за нас“, изјави Фетел.

Ферари откако беа одбележани како први фаворити за титулата доживеаја катастрофа на првите шест трки, дозволувајќи ривалите од Мерцедес да стигнат до шест победи.

Scroll to Top