Top Sport

Коронавирусот ја одложи и мото-трката за ГН на САД

Големата награда на САД за мотоциклисти која требаше да се одржи на почетокот на идниот месец е одложена поради епидемијата на коронавирусот. Трката е одложена за во ноември годинава, денеска соопштија организаторите.

Трката беше закажана од 3. до 5. април во Остин, но денеска се одложи, па планирано е да се одржи од 13. до 15. ноември.

Минатата недела во Катар беа одржани само трките во Мото 2 и Мото 3 категории.

Трката за ГН на Тајланд првично беше закажана за 22 март, но се одложи за 4 октомври.

Scroll to Top