Top Sport

Кошмарна сезона е пред тимот Хас, опремата и возилата се уште не пристигнале во Бахреин

Ако по утрото денот се познава, сезоната во Формула 1 за тимот Хас ќе биде кошмарна. Откако, го отпуштија Никита Мазепин, поради случувањата во Украина и го раскинаа договорот со главниот спонзор „Уралкали“, тимот дозна дека ќе го пропушти првиот ден од тестовите во Бахреин.

Бизарна е причината поради која, Хас, нема во четврток да тестира во Бахреин. Авионот, кој требаше да ја пренесе опремата и возилата, се расипал.

Авионот, изнајмен од страна на Хас, се расипал и се наоѓа на аеродромот во Истанбул, каде во текот е ремонт, додека опремата останала во Лондон.

„Авто мотор“ магазинот, пишува дека тимот решил, опремата да биде префрлена во Лајпциг. Дури потоа опремата и возилата ќе бидат префрлени во Бахреин.

Тестовите во Бахфреин ќе започнат во четврток, но веќе е јасно дека Мик Шумахер и Пјетро Фитипалди нема да возат.

Опремата и возилата, во Бахреин, треба да пристигнат во утре претпладне, што значи дека тимот нема да има време да ги изврши сите подготовки за првиот ден од тестирањата.

Scroll to Top