Top Sport

Џерард се надева дека Кутињо ќе остане на „Вила парк“

Менаџерот на Астон Вила, Стивен Џерард, не крие дека сака да го задржи Филипе Кутињо на „Вила парк“. Бразилецот, во јануарскиот преоден рок пристигна во Вила како позајмен играч од Барселона.

Кутињо, во Астон Вила, покажа дека не заборавил да игра фудбал. На 11 натпревари има учинок од три гола и три асистенции. Тимот на Џерард се наоѓа во групата тимови кои имаат 33 бода и се пласирани од 10 до 13.место.

„Нашите напаѓачи Дени Ингс и Оли Воткинс сакаат да играат со него, тој знае како да делува на големата сцена. Јас не ги контролирам трансферите и платите. Можам само да дадам мислење, дали ќе остане зависи од сопствениците. Тие ги гледаат натпреварите, тие ќе ја донесат конечната одлука. досега Кутињо покажа што може да направи“, рекол Џерард.

Астон Вила има можност да го откупи Кутињо од Барселона за 40.000.000 евра.

Scroll to Top