Top Sport

Крачлоу се повреди, нема да вози во Австралија

Возачот на ЛЦР Хонда, Кал Крачлоу, нема да вози на трката за Големата награда на Австралија. Британецот, се повреди, на вториот слободен тренинг на патеката „Филип ајленд“.

Крачлоу, на вториот тренинг, паднал во првиот свиок, а откако бил прегледан, лекарите и тимот објавија дека тој се здобил со фрактура на глуждот и на една од коските во над коленицата.

Крачлоу на вториот тренинг го забележа петтото најбрзо време 1:29.616 минути).

Инаку, на вториот тренинг во Австралија, најдобро време забележа Андреа Јаноне од Сузуки. Италијанецот во финишот на тренинг-сесијата, оставри време 1:29.131 минути.

Зад Јаноне се пласираа Данило Петручи на Прамак Дукати (1:29.291) и најбрзиот на првиот тренинг Маверик Вињалес на Сузуки (1:29.406).

Зад овие тројца се пласираа Андреа Довициозо, Кал Крачлоу, Жоан Зарко, Марк Маркез, Алекс Ринс и Валентино Роси.

Scroll to Top