Top Sport

Клоп пред реваншот со Црвена ѕвезда побарал помош од Партизан

Ливерпул, за две недели ќе и гостува на Црвена ѕвезда во Лигата на шампионите, а тренерот на „црвените“ Јирген Клоп, за тоа гостување побарал помош од најголемиот ривал на „црвено-белите“, Партизан.

Во средата, Ливерпул на домашен терен ја победи Црвена ѕвезда со 4:0 и ја забележа втората победа во Ц-групата. Сепак, иако и во реваншот екипата на Клоп ќе биде апсолутен фаворит, Германецот не сака сите негови планови да бидат „под конец“.

Клоп сака неговиот тим да тренира и на денот на натпреварот, поради што го контактирал фудбалскиот клуб Партизан. Тој побарал од Партизан да му отстапи еден термин во тренинг кампот на овој тим.

Партизан позитивно одговорил што значи дека Ливерпул на 6.ноември ќе тренира, во Земун, каде што се наоѓа тренинг центарот на Партизан, во периодот од 10 до 12 часот.

За потсетување, според правилата на УЕФА, тимот што гостува во градот домаќин треба да пристигне најдоцна на ден пред натпреварот и има право на еден тренинг, на стадионот и во терминот на одигрувањето на натпреварот.

Scroll to Top