Top Sport

Крајно почитување! Алонсо ќе се трка со боите на германското знаме во чест на стариот ривал Фетел

Фернандо Алонсо и Себастијан Фетел во минатото беа меѓу најлутите ривали во борба за титулата во Формула 1, во периодот кога Фетел доминираше со тимот на Ред бул, но шпанскиот возач очигледно има високо мислење за Германецот.

Пред последната трка во кариерата на Фетел во Абу Даби овој викенд, Алонсо потврди дека ќе вози со посебно дизајнирана кацига во чест на Германецот. Алонсо, за разлика од него, не планира да се пензионира и следната година ќе вози во нов тим, преминувајќи од Алпин во Астон Мартин, каде што ќе го замени Фетел.

„Данке Себ, уште еднаш ќе ја поделиме патеката. Ќе биде емотивно и тажно во исто време, но ти посакувам многу среќа во следното поглавје на животот“, напиша Алонсо на социјалните мрежи

Scroll to Top