Top Sport

Крвта не е вода – синот на Раиконен почна да вози картинг (видео)

Синот на поранешниот Ф1 шампион Кими Раиконен, четиригодишниот Робин ги извозе своите први кругови на картинг патека, почнувајќи кариера која може да ја следи таа на неговиот славен татко.

Раиконен објави фотографии и видео од авантурата на неговиот син на влажна патека со порака: „Ејсмен почнува“. Потоа, тој објави фотографија на неговата ќерка Ријана седната на картинг со порака: „Ријана ќе почне за неколку години“.

Неодамна, Раиконен изјави дека Робин често вози мини-мотоцикл (со модифицирана педала за гас да не вози пребргу).

„Тој ужива повеќе во мотоцикли во моментов. Но, којзнае еден ден можеби ќе посака да прави нешто друго. Со децата не се знае, еден ден е нешто, друг ден нешто друго. Ако му стане хоби ќе биде полесно за мене“, вели Раиконен.

 

View this post on Instagram

 

ACEMAN BEGINS.

A post shared by Kimi Räikkönen (@kimimatiasraikkonen) on

View this post on Instagram

My gang minus 1. Photos @calloalbanese

A post shared by Kimi Räikkönen (@kimimatiasraikkonen) on

Scroll to Top