Top Sport

Кубица: Фетел уште ја има волјата, но тоа понекогаш не е доволно

Роберт Кубица вели дека не се сомнева во волјата, умешноста и менталитетот на неговиот добар пријател, Себастијан Фетел, но додава дека тоа секогаш не е доволно да се победува и да се освојуваат титули.

Околу иднината на Фетел во Ферари и во Формула 1 има многу шпекулации пред сезоната 2020, која е негова последна под договор. Германецот не успеа да ја повтори доминацијата која ја имаше со Ред бул со четири титули во низа, и Кубица вели дека тоа не значи дека неговите квалитети опаднале.

„Како возач, нема сомнеж за неговата вештина и волја. Но, понекогаш, тоа е премалку. Сега сме во години на доминација на Мерцедес и Луис Хамилтон.  Да стартуваше сезоната мислам дека повторно ќе гледавме нивни победи. Нема да биде лесно да се симнат од тронот“, вели Кубица во интервју за „Скај спортс Италија“.

Самиот Фетел неодамна изјави дека е „опуштен“ околу неговиот договор и дека парите нема да му бидат одлучувачки фактор за иднината.

Scroll to Top