Top Sport

Просинечки се прости со фудбалскиот татко Антиќ: Тој секогаш ми веруваше

По смртта на Радомир Антиќ, еден од најлегендарните тренери во историјата и единствен човек кој бил на клупата на трите шпански гиганти Реал Мадрид, Барселона и Атлетико и по големиот број посвети во Шпанија се јави и поранешниот хрватски фудбалер Роберт Просинечки.

Антиќ го „обожуваше“ Просинечки и со него имаше шанса да работи во Реал Мадрид во 1991/92 и во Реал Овиедо во 1994/95. Антиќ исто така се обиде да го донесе „Жути“ и во Атлетико, но Барселона се јави со повисока понуда. Наместо него, Антиќ го купи Милинко Пантиќ, кој му донесе двојна титула во 1996 година.

„Тоа е фудбалот и животот. Да дојдев во Атлетико можеби немаше да освојат двојна титула. Некој така запишал. Тој сакаше фудбалери кои се силни на прекин и така ја правеше својата тактика. Му го донесов тоа во Овиедо и затоа ме сакаше. Тој ме пречека во Реал и во Овиедо, и по сите повреди веруваше во мене. Знаеше да ми попушти, иако јас пораснав во Црвена звезда, а тој беше партизановец. Вчера прочитав насловна на ’Марка’: ’Те сакаме!’. Тоа го заслужи Радомир“, вели Просинечки во интервју за „Моцарт спорт“.

Scroll to Top