Тимот на Алфа Ромео кој се натпреварува во Формула 1 шампионатот објави дека искусниот Полјак Роберт Кубица, викендoв ќе го вози болид Ц42, на првиот слободен тренинг пред трката за Големата награда на Шпанија.
Кубица ќе влезео пилотската кабина на автомобилот што вообичаено го вози Гуан Жоу. Кинезот потоа ќе го вози вториот тренинг.
Интересно е што Кубица овој автомобил го возел на сезонските тестови, кои се организираа и во „Каталонија“, а зад воланот на Ц42 седеше за време на тест сесијата на Пирели во Имола.
Тимот вели дека ова искуство, заедно со возачките вештини на Кубица, ќе му обезбеди на техничкиот тим одличен фидбек. Од Алфа Ромео наведуваат дека поради ваквите работи тимот е исклучително задоволен што во својот состав го има Кубица..
Кубица возеше во Ф1 шампионатот од 2006 до 2010 година, а потоа се врати во 2019 и 2021 година. Во минатото возел и за БМВ Заубер, Рено и Вилијамс. Единствената победа во Ф1 ја постигна во 2008 година на трката за Големата награда на Канада.