Top Sport

Кубица резервен возач на Алфа Ромео

Роберт Кубица ќе биде резервен возач на Алфа Ромео во 2020 година, а „ПКН Орлен“ кој му помага на полскиот возач, ќе биде дел од тимот како ко-спонзор (Алфа Ромео Рејсинг ОРЛЕН).

Кубица минатата година возеше за тимот на Вилијамс, тој го освои единствениот поен за овој тим во првенството.

Полјакот возеше за Заубер во периодот 2007-2009, овој тим минатата сезона беше продаден на Алфа Ромео. Кубица во 2008 година го освои четвртото место во генералниот пласман, таа година ја забележа единствената победа во кариерата на тркта во Канада.

За Алфа Ромео во 2020 ќе возат Кими раиконен и Антонио Џовинаци.

Scroll to Top