Top Sport

Медисон ја скина мрежата на Њукасл (Видео)

Фудбалерите на Лестер имаат предност од два гола на гостувањето на „Сент Џејмс парк“ во Њукасл.

Мрежата на Њукасл прв ја погоди поранешниот играч на „страчките“ Ајозе Перез во 36 минута, а предноста на „лисиците“ ја дуплираше три минути подоцна Џејмс Медисон со спектакуларен гол.

Медисон е играч за кого интерес покажуваат Манчестер Јунајтед и Ливерпул. Минатата недела англиските медиуми шпекулираа дека Манчестер Јунајтед биле подготвени да платата 80 милиони фунти за овој фудбалер.

Голот што го постигна Медисон против Њукасл може да го погледнете овде.

Scroll to Top