Top Sport

Кубица: Вилијамс, едноставно, немаат добар болид

Проблемите во тимот на Вилијамс станаа кристално јасни на трката во Бахреин, откако дури и тест-возачот Роберт Кубица призна дека тие еднставно имаат лош болид.

Во Мелбурн изгледаше дека еднаш големиот тим имаше проблеми со својот болид, но сите надежи дека ситуацијата ќе се „сврти“ исчезнаа откако во Бахреин тимот беше последен и на квалификациите и на трката.  Најголеми проблеми имаше дебитантот Сергеј Сироткин, но и неговиот колега Ленс Строл не покажа нешто повеќе, во возачка двојка која според многумина е најлошата во Ф1.

„Треба да видиме како ќе се одвива сезоната, но на секој дебитант му е потребно време. Веруваме дека е важно да се поддржуваат талентите“, вели заменикот шеф на тимот, Клер Вилијамс.

Една можна замена за Сироткин би бил резервниот возач, Роберт Кубица, кој не сакаше вината да ја префрла на неговите колеги.

„Едноставно немаме брзина. Имаше проблеми и на тестирањето во Барселона. Ленс заврши одлична работа во Мелбурн, но проблемите уште се тука. За среќа знаеме на што треба да работиме“, вели Кубица.

Фото: ЕПА

Scroll to Top