Top Sport

Ронда Раузи импресионираше во ВВЕ дебито (видео)

Поранешната УФЦ шампионка, Ронда Раузи победи во своето деби во ВВЕ серијата на „борење“, кај нас познато како „кечери“, откако заедно со Курт Енгл ги победи Стефани Мекмахон и Трипл Ејч.

Раузи, која беше првата Американка со олимписки медал во џудо (бронза во Пекинг во 2008 година), победи на 12 последователни ММА меча за да ја освои титулата во бантам категорија, пред да загуби првпат во ноември 2015 година.

Раузи има статус на вистинска ѕвезда во САД, така што триумфот само ќе ја зголеми нејзината популарност. Погледнете дел од акцијата.

Scroll to Top