Top Sport

Култард: Битката Хамилтон-Фетел е најдобра во историјата

Иако Формула 1 е богата со историски ривалства како Аиртон Сена-Алан Прост, Михаел Шумахер-Мика Хакинен, Ники Лауда-Џејмс Хант, за поранешниот возач на Мекларен и Ред бул, Дејвид Култард најдоброто ривалство во историјата е сегашното меѓу светскиот шампион на Мерцедес, Луис Хамилтон и асот на Ферари, Себастијан Фетел.

„Оваа сезона ја имаме една од најдобрите борби за титулата во последно време, а можеби и во историјата. Мислам дека така ќе остане запишано. Луис и Себастијан не само што се екстремно брзи и фокусирани тркачи, туку и целосно различни карактери. Во Валтери Ботас и Кими Раиконен имаат многу брзи колеги и затоа толку многу ги ценам“, вели Шкотланѓанецот во интервју за „Спорт билд“.

Култард, кој сега работи како ТВ-коментатор на трките, верува дека Фетел ќе ги надмине грешките поради кои Хамилтон направи предност пред летната пауза во Ф1.

„На крајот на оваа сезона, одлучувачки фактор ќе бидат силните, а не слабите моменти. Поради нивната сила се на врвот, а ќе ги броиме грешките и загубените поени по Абу Даби. Фетел не е толку агресивен возач како што го претставуваат, туку семеен човек и многу зрел човек. Двајцата се еднакви на спортско ниво, но и премногу различни за да бидат пријатели“, објаснува Култард.

Scroll to Top