Top Sport

Федерер: Човек на 37 години не треба да е фаворит за Флешинг Медоуз

Пред Австралија опен во јануари, Роџер Федерер изјави дека 36-годишник како него не треба да биде фаворит за титулата, иако го освои трофејот. Сега, тој го повторува тоа и пред САД опен во Њујорк, иако сега има 37 години.

„Искрено, 37-годишник не треба да е фаворит за САД опен, а јас немам победа таму повеќе од 10 години, што значи дека не играв доволно добро“, вели Федерер за швајцарскиот ТВ-канал „СРФ“.

И покрај тоа, Федерер вели дека не може да направи повеќе од тоа што веќ го прави.

„Сега е добро, но ништо повеќе од тоа. Имам добар ритам, се чувствувам добро и без разлика дали ќе победувам или не верувам дека ја правам вистинската работа. Не можам да работам понапорно на т ренинзите, понапорно со вежбањето. Одам позитивно на секој турнир“, додава Федерер.

Scroll to Top