Top Sport

Култард: Фетел повеќе време поминува со Ред бул отколку со Ферари

Себастијан Фетел повеќе ужива во друштво на луѓето од својот поранешен тим Ред бул отколку со Ферари вели поранешниот Ф1 возач Дејвид Култард, кој посочува дека Германецот е очигледно „несреќен“ во Ферари.

Шансите за титулата во 2018 на Фетел беа уништени во низа од пет трки без победа, додека неговиот ривал Луис Хамилтон имаше четири победи, серија која застана со триумфот на Кими Раиконен во неделата во Остин.

Во САД, Фетел ги загуби шансите за победа по извртувањето во првиот круг по контактот со Даниел Рикардо, по што призна дека му е „мака“ да вози за опоравување, но Култард се сомнева дека проблемите се подлабоки.

„Тој е четирикратен светски шампион, но направи две грешки во две кривини. Тој вели дека е уморен, но кога си уморен одиш каде што ти е удобно. Го гледам почесто со луѓето од Ред бул отколку со луѓето од Ферари. Ми изгледа дека не е уморен само од ваквите трки, туку дека не е толку среќен како што беше во Ред бул“, објаснува Шкотланѓанецот.

Scroll to Top