Top Sport

Ѓоковиќ: Едно време воопшто не зборував со Надал и Федерер

Новак Ѓоковиќ, Роџер Федерер и Рафаел Надал доминираат во светот на тенисот во последните две децении, а иако на прв поглед добрите односи постоеја и надвор од теренот, српскиот тенисер признава дека не било толку едноставно да се ракува со силното ривалство.

„Станав поблизок до Рафа посебно во 2013 порадо егзибициските мечеви кои ги игравме во Јужна Америка. Федерер исто така го почитувам многу, и тој ми даде совети за татковството. Убаво е што можеме да пратиме порака на меѓусебна почит во спортот. Поминавме времиња во кои работите беа добри, но и времиња кога еден од нас не зборуваше со другиот. Сепак, во основа беше фер“, вели Ѓоковиќ.

Во исто време, Надал беше запрашан за тоа како оваа ера во светскиот тенис ќе биде забележана за 20 години.

„Секогаш го велам истото и не сакам да бидам арогантен. Не сакам да зборувам за историјата на тенисот во периодот во кој сум вклучен, бидејќи ќе звучи многу лошо да кажам дека ова е најдобрата ера. Многу ери се добри во тенисот“, вели Надал.

Scroll to Top