Top Sport

Квартараро го продолжи договорот со Јамаха

Францускиот мотоциклист Фабио Квартараро (23) го продолжи договорот со тимот на Јамаха до 2024 година, соопшти јапонскиот тим.

Актуелниот светски шампион во Мото ГП шампионатот дојде во Јамаха во 2021 година како замена за легендарниот Италијанец Валентино Роси.

Во генералниот пласман на шампионатот по осум трки Квартараро води со 122 бода, додека второпласираниот Алеиш Еспаргаро од Априлија има осум бодови помалку.

Следната трка во „кралската класа“, се вози во недела за Големата награда на Каталонија

Scroll to Top