Top Sport

Барселона ќе се спаси со продажбата на Де Јонг

Френки де Јонг дојде во Ајакс од Барселона пред три години, како феноменален млад играч од средниот ред, беше претставен како наследник на легендарните играчи од средниот ред на Барса и играч за следната деценија. Поради тоа Барселона за него плати 86.000.000 евра.

Три години подоцна, Барселона буквално сака да го избрка петтиот најскап играч во историјата на клубот.

Фабрицио Романо, пишува дека и покрај желбата на Де Јонг да остане, Барселона веќе „почнала директни преговори со Јунајтед околу трансферот. Каталонците за Де Јонг побарале 85.000.000 евра.

Истиот извор додава: „Де Јонг би сакал да остане во Барселона и да игра во Лигата на шампионите, но се очекува против негова волја да се пресели во Јунајтед бидејќи Барселона мора да ги реши финансиските проблеми“.

Каталонската „ТВ3“, пишува дека тренерот Чави разговарал со Де Јонг и му објаснил дека неговото заминување е неопходно поради економската ситуација во клубот, но и дека управата не е многу задоволна од неговите игри.

Де Јонг мора да замине за да може Барселона да ги регистрира фудбалерите кои ги донесе без обештетување. За Барса веќе потпишаа Франк Кеси од Милан и Андреас Кристенсен од Челзи, но Барселона и по сите кратења се уште има проблеми со финансискиот фер-плеј.

Поради тоа клубот не може да ги регистрира двајцата нови играчи, но и Серхи Роберто, кој неодамна потпиша нов договор со клубот. Истиот проблем ја спречува Барселона да постигне дефинитивен договор со Роберт Левандовски.

Во моментов клучно е Барселона да оствари дополнителни приходи, но и да ги намали тековните трошоци. Еден од потезите во таа насока е продажбата на Де Јонг.

Scroll to Top