Top Sport

Квартараро на пол-позицијата во Франција

Фабио Квартараро од Јамаха ја освои пол-позицијата пред утрешната трка за Големата награда на Франција. Успешните квалификации за Јамаха ги надополни тимскиот колега на Квартараро, Маверик Вињалес. Првиот ред за утрешната трка го комплетираше Џек Милер од Дукати.

Квартараро најбрзиот круг го извозе откако конкурентите ги завршија квалификациите. Неговото време 1:32.600 минути, беше за 81 илјадити дел од секундата побрзо од времето на Вињалес, додека 104 илјадити делови од секундата зад возачот на Јамаха беше Милер.

Денешната пол-позиција беше 13 во кариерата за Квартараро.

Вториот ред го обезбедија Франко Морбидели (петронас Јамаха), Жоан Зарко (Прамак рејсинг Дукати) и Марк Маркез (Репсол Хонда).

Две Хонди и една Јамаха има во третиот ред на стратот: Такаки Накагами (ЛЦР Хонда), Пол Еспаргаро (Репсол Хонда) и Валентино Роси (Петронас Јамаха).

Scroll to Top