Возачот на Петронас Јамаха Фабиот Квартараро ја освои пол-позицијата во пресрет на утрешната трка за Големата награда на Шпанија, во „кралската класа“ во Мото ГП шампионатот, која ќе се вози во Херез.
Најбрзиот круг на Квартараро изнесуваше 1:36.705 минути. Возачот на Петронас Јамаха зад себе ги остави Маверик Вињалес од фабричкиот тим на Јамаха (+0.139) и актуелниот светски првак Марк Маркез (+0.157).
Изненадувањето во квалификациите го направи Франческо Бањаја кој со својот Прамак Дукати го освои четвртото место (1:36.955 минути). До него од вториот стартен ред трката ќе ја започнат неговиот тимски колега Џек Милер и Кал Крачлоу на ЛЦР Хонда и Пол Еспрагаро на КТМ.
Во третиот ред се Пол Еспрагаро на КТМ, односно Андреа Довициозо (Дукати) и Алекс Ринс (Сузуки) кои паднаа во последниот круг.
Во четвртиот ред се Франко Морбидели (Петронас Јамаха), разочарувањето Валентино Роси (Јамаха) и Жоан Мир (Сузуки).
Траката за Големата награда на Шпанија утре ќе започне во 14 часот.