Мотоциклистот на Јамаха, Французинот Фабио Квартараро (22) вели дека не се оптоварува со титулата светски шампион во Мото ГП. Тој вели дека едноставно ужива во трките, но не е фокусиран на конениот пласман каде, пак, е во убедливо водство.
„Не сум фокусиран на борбата за титула. Пред почетокот на секоја трка себе си си кажувам дека не размислувам за круната, затоа што нема потреба да менувам нешто кога уживам во борбата и победите. А кога победувате нормално е да освоите и титула“ нагласува Квартараро кој очигледно увидел дека оптеретувањето во борбата за титула скапо го чинеше.
Во моментов Квартараро е првопласиран со 206 поени, додека втор е Шпанецот Жоан Мир со 141 поен. Трет во генерален пласман е Јохан Зарко со 137 поени.