Top Sport

Квартараро се сели во фабричката Јамаха

Фабио Квартараро ќе биде замената за Валентино Роси во Јамаха од 2021 година и ќе му биде тимски колега на Маверик Вињалес, објави порталот „мотоспорт“. Овој извор наведува дека оваа информација официјално ќе биде потврдена во наредните денови.

„Мотоспорт“ пишува дека промоцијата на талентираниот возач во фабричкиот тим на Јамаха била забрзана поради интересот што за него го покажале Сузуки и Дукати.

Ова вест би можела да значи дека легендата Валентино Роси од 2021 година ќе го заземе местото на Квартараро во Петронас Јамаха.

Scroll to Top