Top Sport

Сусо ќе се вдоми во Севилја

Милан го испрати фудбалерот од редот за врска, Сусо, на позајмица во Севилја. „Скај Италија“ објави дека клубовите договориле 18 месечна позајмица.

Сусо во 2015 година од Ливерпул пристигна во Милан. сезонава настапил на 16 натпревари на кои постигнал само еден гол. На последните неколку натпревари тој не беше во тимот поради лошата форма.

Шпанецот од почетокот на сезоната беше на удар на тифозите на Милан. Според нивните коментари на социјалните мрежи тој не заслужувал да го носи дресот на Милан.

Сусо 18 месеци ќе биде на позајмица во Севилја, но во случај клубот од Андалузија да избори пласман во Лигата на шампионите тогаш автоматски ќе мора да го откупи неговиот договор.

Спортскиот директор на Милан, Звонимир Бобан, замената за Сусо ја нашол во Сан Себастијан. До крајот на преодниот рок од Реал Сосиедад во Милан треба да пристигне повремениот репрезентаивец на Белгија, Аднан Јанузај.

Scroll to Top