Францускиот мотоциклист Фабио Квартараро (Јамаха) е победник на трката возена на „Каталуња“ за Големата награда на Каталонија во Мото ГП. Ова е трет сезонски триумф за Французинот со што се врати на врвот на табелата во генералниот поредок.
Квартараро славеше на првите две трки сезонава, возени во Херез, па на следните 5 остануваше без место на пиедесталот.
На втората и на третата позиција имаше двајца Шпанци. Втор на „Каталуња“ беше Жоан Мир (Сузуки), а неговиот колега Алекс Ринс беше третопласиран.
Квартараро досега собра 108 бода, 8 повеќе од Мир и 18 повеќе од Маверик Вињалес кој во Барселона заврши на деветтата позиција.
Водечкиот до денешната трка, Италијанецот Андреа Довициозо трката ја заврши уште по првиот свиок, по судирот со Французинот Жоан Зарко (Дукати).
Could this be the moment that halts @AndreaDovizioso's championship charge? ?
A weekend to forget for the Ducati rider after he crashes out with @JohannZarco1 on lap 1! ?#CatalanGP ? pic.twitter.com/CdtdFHSTUl
— MotoGP™? (@MotoGP) September 27, 2020