Top Sport

„Петарда“ за Сити на „Итихад“, пеналите пресудија, хет-трик на Варди

Манчестер Сити на Пеп Гвардиола силно понижен на својот „Итихад“ од екипата на Лестер Сити, 2-5 по 90 минути игра во Премиерлигата.
Голгетерот на „лисиците“ Џејми Варди постигна хет-трик на овој меч, а гостите добија дури 3 пенали.
Резултатот го отвори Марез, уште во 4 минута. Прекрасен погодок за 1-0.

Сепак, Лестер не се предаде и со пеналот кој го изведе Варди во 37 минута на полувреме на семафорот стоеше 1-1.
Ништо не наговестуваше дека следува потоп за „граѓаните“.

Во 54 минута Варди го постигнува својот втор гол, за водство од 1-2, а само 4 минути подоцна повторно пенал за Лестер. Варди е сигурен и на семафорот стои 1-3.

Сити се обиде да се врати во мечот, го имаше поседот на топката, но залудно.

Медисон во 77 минута гаѓа прецизно за 1-4.

Тогаш Манчестер намалува на 4-2. Во 84 минута, стрелец Аке, но се чини предоцна за било што да се спаси на мечот.

Конечните 2-5 за „лисиците“ повторно од пенал. Варди веќе беше надвор од игра, па затоа Тимелманс рутинирано за потоп на вицешампионот во Премиерлигата.

Лестер заедно со Евертон се со 100-процентен ефект по првите 3 кола од новата сезона.

Scroll to Top