Актуелниот светски првак во најсилната класа, Фабио Квартараро, ќе остана уште најмалку две години во Јамаха, потврди првиот човек на овој тим, Лин Џарвис. Тој во едно интрвју открил дека двете страни постигнале договор и дека тоа прествува само еден дел од моизаикот во амбициозниот проект што го има Јамаха.
„Никој не може да гарантира добри резултати во наредната сезона. Никој не знае на кое ниво можеме да достигнеме. Но, веќе работиме на одредени работи во текот на сезоната и напредокот е видлив. Фабио нема да потпише договор врз основа на овогодинешниот пакет. Тоа ќе го направи бидејќи има доверба во нашиот пакет за 2023 и 2024 година“, изјави Џарвис.
Иако ниту тој, ниту Јамаха не се истакнаа оваа сезона, Квартараро го дели првото место во генералниот пласман заедно со Алекс Ринс од Сузуки. Џарвис е свесен дека се можело да биде подобро.
„Бевме искрени со Фабио. Се извинивме за тешкотиите во текот на оваа година. Му објаснивме кој е нашиот план за во иднина и чувствувам дека Фабио е убеден дека следната година ќе се вратиме со најсилениот можен пакет.“