Возачот на Јамаха, Фабио Кваратараро го скрши средниот прст на левата рака и ќе мора да го оперира, но операцијата ќе му биде извршена по завршувањето на сезоната.
Французинот се повреди на трката за ГН на Малезија, на четвртиот слободен тренинг, а бидејќи се уште има теоретски шанси да ја одбрани титулата, реши да ја одложи операцијата.
Шампионот ќе се решава на 6. ноември на трката за Големата награда на Валенсија на патеката „Рикардо Тормо“.
Франческо Бањаја има 23 поени предност пред Квартараро.
„Ќе се подготвам како лудак, бидејќи знам дека единствената опција да останам во конкуренција е да победам. Сакам да уживам во таа трка, тоа е последна во сезоната и да видиме каде сум“, рече Квартаро.