Top Sport

Хјустон астрос и Лос Анџелес доџерс во борба за Светската серија

Хјустон астрос ги совладаа фаворизираните Њујорк јенкис со 4:0 во саботата за да ја освојат Американската лига во седмиот одлучувачки натпревар и да се пласираат во Светската серија во безболот првпат од 2005 година.

Астрос направија вистински подвиг бидејќи се вратија од 3:2 дефицит во серијата, а клучен во седмиот меч беше стартниот фрлач на тимот, Чарли Мортон во пет ининзи ги „затвори“ противниците.

Во финалето на американската безбол серија, Астрос ќе играат со Лос Анџелес доџерс од вторник. Доџерс во финалето на Националната лига ги елиминираа Чикаго кабс.

Scroll to Top