Русинот Данил Квјат ќе остане вклучен во Формула 1 како развоен возач на Ферари во 2018 година, откако пред крајот на минатата сезона Торо росо го отпушти, а Ред бул го исфрли од својата возачка програма.
По шпекулациите дека е во игра за местото во Вилијамс, таму најверојатно ќе добие место неговиот руски сонародник, Сергеј Сироткин, така што место во Скудерија како резервен возач е вистинска „премија“ за него.
Како развоен возач, Квјат ќе работи на симулаторото и најверојатно на дел од тестовите, иако ова не е потврдено. Покрај Квјат, Ферари имаат уште неколку млади возачи во тимот, како Шарл Леклер и Антонио Џовинаци.
Русинот дебитираше во Ф1 во 2014 година со Торо росо, а следната година беше промовиран во Ред бул како замена за Себастијан Фетел кој замина во Ферари. Квјат немаше најстабилни резултати, и по низата инциденти пред Шпанското ГП во 2016 беше заменет со Макс Ферстапен. Квјат полека ја врати кариерата на вистински пат во Торо росо, но во финишот на сезоната имаше пад во перформансите и беше заменет од Французинот Пјер Гасли.
Daniil Kvyat to become Scuderia Ferrari’s development driver pic.twitter.com/yvTwQHaTOh
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) January 10, 2018