Top Sport

Квјат пред шокантен кам-бек во Торо росо!

Русинот Данил Квјат е пред изненадувачко враќање во Формула 1 со тимот на Торо росо, откако јуниорскиот тим на Ред бул минатата година го отпушти поради слаби резултати.

Квјат, кој претходно возеше и за Ред бул, по ова замина во Ферари каде што работеше како возач за развој, но 24-годишниот Русин сега е прв фаворит за место во Торо росо по состанокот на шефот на Ферари, Маурицио Аривабене со шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер.

Русинот дојде во „шема“ за место во Торо росо бидејќи Ред бул едноставно нема многу опции за својот јуниорски тим. Французинот Пјер Гасли ќе добие шанса во Ред бул заедно со Макс Ферстапен откако Даниел Рикардо замина во Рено, додека Новозеланѓанецот Брендон Хартли не успеа да ги импресионира шефовите кои му го дадоа местото на Квјат на крајот на минатата сезона.

Scroll to Top