Top Sport

Бекам ја доби претседателската награда на УЕФА (видео)

Легендата на Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Пари Сен-Жермен, Дејвид Бекам ја доби претседателската награда на УЕФА за неговите успеси во блесквата фудбалска кариера, но и надвор од неа со многубројните добротворни акции.

„Дејвид Бекам ја користеше моќта на фудбалот да помогне на деца кои немаа толку среќа“, изјави претседателот на УЕФА, Александер Чеферин.

Самиот Бекам беше поскромен.

„Помина долго време откако последен пат бев на вакво доделување на награди. Најголем момент во мојата кариера останува освојувањето на тројната титула во 1999 година со Манчестер јунајтед“, изјави Бекам.

Scroll to Top