Рускиот возач Данил Квјат член на екипата „Алфа Таури“ беше еден од шестмината возачи кои не клекнаа на едно колено пред почетокот на трката за Големата награда на Австрија.
Квјат за странските медиуми ја коментирал одлуката да не клекне.
„Помалку ми беше неразбирливо кога ми го предложија клекнувањето како гест за борбата против расизмот. Не знам како да објаснам но тоа е против менталитетот на рускиот народ. Во мојата татковина се клекува само пред Бога и пред знамето“, рекол Квјат.
„Ние возачите сме обединети во борбата против расизмот. Го покажавме нашиот став кога пред трката ги облековме маиците на кои беше напишана пораката Крај за разимот“, дополнил Квјат.
Покрај рускиот возач пред стартот на трката во Австрија не клекнаа и Макс Ферстапен (Ред Бул), Шарл Леклер (Ферари), Кими Раиконен и Антонио Џовинаци (Алфа Ромео) и Карлос Саинс (Мекларен).